Статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2022 година

              Во рамки на своите надлежности, Агенцијата за пошти редовно изготвува анализи и извештаи на пазарот на поштенските услуги. врз основа на податоците добиени од давателите на поштенски услуги во врска со обезбедување на поштенските услуги. Целта на Статистичките извештаи е преку изготвување на табеларни и графички прикази да се прикаже развојот на пазарот во однос на обемот на пазарот и развој на конкуренцијата.

              Воедно, врз основа на статистичките податоци презентирани во Статистичките извештаи, Агенцијата за пошти креира политики и мерки во насока на воспоставување подобар систем за регулација на поштенскиот пазар.

Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2022 година содржи податоци за обемот и видот на пратките, за подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.

Статистичкиот извештај ги илустрира состојбите на поштенскиот пазар, со компаративен пристап и приказ на податоците од 2022 година со изминатите години, и на тој начин дава слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор во 2022 година.

Статистички извештај за поштенски активности во Република Северна Македонија во 2022 година