Отворен повик за поднесување на проекти и иницијативи во рамки на 1-то издание на „Трговско - поштенските награди“ на Светскиот поштенски сојуз

UPU

Агенцијата за пошти ги информира сите чинители во поштенскиот сектор дека Светскиот поштенски сојуз  (UPU) го објави повикот за поднесување на проекти и иницијативи во рамки на 1-то издание на „Трговско - поштенските награди“. Трговско - поштенските награди на Светскиот поштенски сојуз ќе обезбедат меѓународно признание од висок профил на успехот на организациите кои даваат поддршка на трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија, женски и маргинализирани заедници во поштенската мрежа, како и успехот на Одржливи развојни цели на Обединетите нации. Овој настан обезбедува платформа за пренесувања на знаења, споделување и анализа на практики кои се стремат кон вклучување на микро, мали и средни претпријатија, жени, лица со инвалидитет во, домашната и глобална трговија,  и цели кон поттикнување на взаемно споделување на идеи и иницијативи кои се успешно имплементирани во земјите членки на Светскиот поштенски сојуз и кои случаи заедниците секаде во светот можат да ги повторат.

Категории за поднесување

Три групи за кои може да се поднесуваат проекти или иницијативи и тоа:

  • Владина иницијатива за трговска вклученост преку Пошта: Било која владина иницијатива за промоција на трговија, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници во поштенската мрежа.
  • Иницијатива на поштенски оператори за трговска вклученост: Било која поштенска или финансиска услуга за промоција на трговија, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници во поштенската мрежа или било какво подобрување на постоечки производ или услуга, дали поштенски или не-поштенски.
  • Иницијатива на приватниот сектор за трговска вклученост: Било какво иновативно партнерство во приватниот сектор за поштенски или финансиски решенија  за промоција на трговијата, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници.

Агенцијата за пошти ги охрабрува давателите на поштенски услуги и сите чинители во поштенскиот сектор да аплицираат со свои проекти и иницијативи на следната веб страница:

https://www.upu.int/en/Universal-Postal-Union/Activities/Digital-Services/Application-for-the-TradePost-award-2023

Крајниот рок за поднесување на проектите и иницијативите е 9 октомври 2023 година.  

За повеќе информации: https://www.upu.int/en/Universal-Postal-Union/Activities/Trade-Facilitation/TradePost-Award-2023

За аплицирање за Трговско-поштенските награди 2023 година: https://www.upu.int/en/Universal-Postal-Union/Activities/Digital-Services/Application-for-the-TradePost-award-2023

За дополнителни прашања:  [email protected]  

Победниците ќе бидат официјално прогласени за време на церемонијата за доделување на награди на Трговско - поштенскиот форум во декември 2023 година и ќе се промовираат преку целата година што претставува одлична можност за афирмација на поштенскиот сектор.