Работен состанок на експертската група за достава на пакети на ЦЕФТA

На 16 и 17 април 2024 година, во Загреб, Хрватска се одржа работен состанок на  ЦЕФТА експертската група за достава на пакети,  на кој учество земаа претставници на 7 земји членки на ЦЕФТА, меѓу кои и претставници на Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски,  Данијела Спасиќ Томовска и Блерта Весели.

На состанокот од страна на претставици на регулаторното тело кое го регулира поштенскиот сектор во Република Хрватска беше презентирана имплементацијата на стандардите за поштенски услуги 13850 и 14508, потребата од нивна имплементација и како се рефелктираат во однос на подобрување на квалитетот на услугите.

Од страна на претставниците на земјите членки на ЦЕФТА, присутни на состанокот поединечно беше презентиран напредокот и чекорите за транспонирање на новата Регулатива (еу) 2018/644 на Европскиот Парламент и Совет од 18 април 2018 година за услуги за меѓународна достава на пакети, како и планираната динамика за целосно спроведување.

Г-динот Звонко Кавран, експерт во рамки на ГИЗ и ЦЕФТА сподели на состанокот податоци за  штетните емисиони гасови во поштенскиот сектор и мерки за нивно намалување. Воедно на состанокот беа презентирани искуства за употреба на иновативни алатки во подобрување на меѓународната  достава на пакети.

На состанокот свое излагање имаше и директорот на Институтот за стандардизација на Република Хрватска кој сподели за начинот на формирање на Технички комитет за поштенски работи во рамки на институтот за улогата која ја има и за начинот на фукнционирање на комитетот.

 

ХрватскаХрватска1