Потребна документација за добивање Општо Овластување
- Да се пополни Нотификацијата, во сите полиња.
Се пополнува електронски или со пенкало, на рака, и со печат од фирмата и потпис од управителот, и се доставува до Агенција за пошти
- Да се достават потребните прилози:
- Решение од Централен Регистар;
- Општи услови за обезбедување поштенски услуги - При изработка на Општите услови да се води сметка за одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на општите услови. Општите услови мора да се усогласени со Законот, Правилникот, ценовникот и нотификацијата;
- Договор за закупен деловен простор или доказ за сопственост;
- Копии од сообраќајните дозволи за возилата кои се сопственост на фирмата или доколку возилата не се на име на фирма Одлука за користење на сопствено моторно возило за службени потреби посебно за секое возило со Изјава од сопственикот или Договори;
- Договори за вработување за сите вработени;
- Примероци од фактура, испратница, известување за препорачана пратка, доставница за лична достава (за нотарски пратки), адресница;
- Отпечатоци од печатите на фирмата на еден лист;
- Ценовник за сите услуги наведени во нотификацијата и во Општите услови;
- Овластување од основачот за поднесување на нотификација од управителот (доколку се различни лица);
- За добивање Општо овластување за целата територија на РСМ потребна е и организациона поставеност и поштенска мрежа за комплетно опслужување на секој град и регион во државата, односно за извршување на услугите од почеток до крај. Ова се докажува со Изјава од подносителот во која се опишува видот на моделот (со објекти или без објекти за прием/достава).
- Ако има објекти поштенската мрежа може да биде од сопствени поштенски единици или од договорни пошти или комбинација од двете (Доказ за сопственост на единиците или Договори за закуп на деловните простории, за договорните пошти Договори за соработка со фирмите со опис за што ќе се користи договорната пошта со права и обврски.
Ако нема објекти, во прилог на изјавата се доставува:
- Возен ред со предвидени релации за покривање на целата територија на РСМ со доволен број на соодветни возила и вработени (Доказ: Сообраќајни дозволи за возилата кои се во сопственост на фирмата или доколку возилата не се на име на фирма Одлука за користење на сопствено моторно возило за службени потреби посебно за секое возило со Изјава од сопственикот или Договори-)
- За добивање Општо овластување во меѓународен сообраќај – Договор за соработка со меѓународен поштенски оператор/и.
______________________________________________________________________
- Доколку е доставена нејасна или нецелосна нотификација Агенцијата во рок од 15 дена ќе го извести подносителот да ги дополни нотификацијата и доказите во рок не подолг од 30 дена. Ако подносителот не постапи во определениот рок, Агенцијата ќе ја отфрли нотификацијата со решение во рок од дополнителни 7 работни дена.
- По доставена Нотификација за започнување или промена со обезбедување на поштенски услуги, Агенцијата одлучува врз основа на доказите и издава Општо овластување или донесува решение со кое се одбива нотификацијата.
Дополнителни информации можат да се добијат на следните контакти:
ТЕЛ. + 389 2 3212 107
електронската адреса: [email protected] или [email protected]