Промоција на брошурата „Права и обврски на корисниците на поштенските услуги“

apmkopm

Агенцијата за пошти (АП) во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) преку Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје изработи брошура за правата и обврските на корисниците на поштенските услуги.

На 11.12.2021 година (сабота) во трговскиот центар Сити Мол беше одржан промотивен настан на кој ОПМ и АП ја презентираа брошурата „Права и обврски на корисниците на поштенските услуги“.

Директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамоска Ѓореска изјави дека оваа брошура е одбележување на почетокот на соработката помеѓу двете институции кои оваа година потпишаа меморандум, се со цел да реализираат проекти и активности за заштита на потрошувачите- корисници на поштенски услуги во нашата држава.

На настанот присуствуваа претставници од неколку медиуми кои придонесоа во информирањето на граѓаните за нивните права и обврски како корисници на поштенски услуги.

Во периодот од 11 до 14 часот во просториите на трговскиот центар, на посетителите им беа поделени брошури кои беа достапни на македонски и албански јазик.

 

Image
Слика ОПМ
Image
Слика ОПМ1
Image
Брошура АП