Донесен Годишен план за проценка на ризици од корупција во Агенцијата за пошти за 2023 година
Агенцијата за пошти како одговорна институција одржува високи правни, етички и морални стандарди, почитувајќи ги принципите на интегритет, објективност, транспарентност и непристрастност. Во рамки на сопственото работење, Агенцијата за пошти посветува особено внимание на намалување на можностите за корупција и континуирано се бори против било кои појавни облици на корупција и судир на интереси застапувајќи став на нулта толерантност кон корупцијата.
Во тој контекст донесениот Годишен план за проценка на ризици од корупција во Агенцијата за пошти за 2023 година бр. 02-47/2 од 31.01.2023 година е важен столб за ефикасно и транспарентно раководење со Агенцијата и превентивна алатка во борбата за спречување и сузбивање на сите појавни облици на коруптивно дејствување на институционално ниво.
Линк до годишниот план за проценка на ризици од корупција во Агенцијата за пошти за 2023 година