Спроведен вонреден надзор над правен субјект кој обезбедува поштенски услуги без Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти
Согласно член 73 и 76 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект Друштво за поштенски и курирски услуги ВАША ПОШТА ДООЕЛ Скопје - поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.








