Врз основа на членот 12 став 4 од Законот за поштенските услуги(,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 14 јуни 2023 година донесе Одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година.