Агенцијата за пошти ја одбележа „Европската недела на мобилност”
Во рамки на „Европската недела на мобилност”, Агенцијата за пошти учествуваше на активностите кои се спроведоа во рамкте на кампањата - која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Оваа година, темата е Save energy! - Заштедете енергија! која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија.








