Препораки од Агенцијата за пошти: Како до безбедно онлајн купување и сигурна достава
Деновиве сме опкружени со многу информации, препораки и содржини поврзани со Коронавирусот (COVID19).Новонастанатите ситуации, пред сè ширењето на овој вирус, можат да го загрозат здравјето на голем број од граѓаните. Како и во повеќето земји низ светот така и кај нас, Владата, ресорните министерства и локалните власти преземаат сериозни мерки со кои се ограничува и контролира ширењето на оваа заразна болест








