Агенцијата за пошти ја поддржа акцијата „Ден на дрвото“
На 03.12.2014 година, директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски заедно со вработените, учествуваа на 14 –та акција „ДЕН НА ДРВОТО 2014 - Засадија својата иднина“. Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите “. Вработените од Агенцијата за пошти, на новоформираниот зелен појас на булеварот Февруарски поход во Ново Лисиче, засадија дрвце со што ја поддржаа оваа акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина. На површина од 1.107 хектари вчера беа засадени околу 5 милиони дрвца низ територијата на цела Македонија.