Одржан 20-ти јавен состанок на Агенцијата за пошти

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, во просториите на хотел Мериот беше одржан 20-ти јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани тековните активности, плановите за делување во идниот период, како и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2022 година.

На јавниот состанок присуствуваа претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Борче Груевски, членовите на Комисијата Владимир Кировски и Ѓорѓи Михаилов, генералната директорка на А.Д. “Пошта на Северна Македонија“ Бујаре Абази, како членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Собранието на Република Северна Македонија, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите со кои соработува Агенцијата за пошти.

Во своето воведно обраќање, директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска, говореше меѓудругото и за промовирање на конкуренцијата како една од надлежности на Агенцијата, при што истакна дека „Еден од трендовите за кој воедно се реферира и во Извештаите и анализите на Групата на европски регулатори за поштенски услуги е дека промовирањето на конкуренцијата на пазарите за писма останува валидно и важно. Промовирањето на конкуренцијата во сегментот на писма е особено важно и во нашата земја каде што обемот на писма е сè уште и веројатно ќе остане значаен сегмент во вкупниот обем на услуги на давателот на универзалната услуга“.

Осврнувајќи се на развојот на е-трговијата, директорката додаде „Ако последниве  години веќе апсолвиравме дека развојот на е-трговијата е клучниот генератор на растот на поштенскиот сектор, сметаме дека е крајно време да се засили контролата на државата кон субјектите кои продаваат на далечина низ различни канали а особено на социјалните мрежи. Сите тие и легални и нелегални е-трговци се клиенти на нашите поштенски даватели, со кои поштенскиот бизнис мора да се справува. Ќе повториме дека сивата економија создава и нефер нелегална конкуренција во поштенскиот сектор односно појава на т.н. „диви даватели“.

(Интегрален текст од обраќањето на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска)

Агенцијата за пошти како одговорна, отворена, транспарентна  институција во функција на сите чинители во поштенскиот сектор на најдобар можен начин ги извршува своите законски функции и надлежности. Значителниот број на реализирани активности, донесени стратешки документи, изработени извештаи и анализи кои се однесуваат на регулација и развој на поштенскиот пазар, зајакнатото учество во работата на работните групи на меѓународните тела и институции, активната транспарентност, спроведените надзори и контроли се активности кои ја одбележаа работата на Агенцијата во изминатите 6 месеци и преставуваат потврда за континуираната работа на регулаторното тело кое на сите  предизвици  може соодветно да одговори преку реализирање на активности и донесување на регулаторни мерки.

Осигурувањето на обезбедување на универзална услуга, одржливиот развој и анализа на пазарот на поштенските услуги и зајакнување на конкуренцијата на пазарот на поштенските услуги, заштитата на давателите и на корисниците на поштенските услуги, зајакнување на надзорните и контролните механизми, јакнење на институционалните капацитети на Агенцијата и транспарентност и соработка, ќе останат во фокусот“ – додаде Аврамоска Ѓореска, осврнувајќи се на идните планови и проекти кои ќе се реализираат во 2023  година.

(Интегрален текст од обраќањето на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска: Рекапитулација на реализирани активности во првото полугодие од 2023 година и идни планови и проекти за 2023 година на Агенцијата за пошти)

На јавниот состанок беше презентиран Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2022 година од страна на раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ  Томовска.

(Презентации за Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2022 година)

Од страна на присутните беше изразено задоволство од успешниот јавен состанок, преку поставените прашања и плодните дискусии преку кои јасно се потенцира партнерскиот, транспарентниот и инклузивен однос на Агенцијата со сите чинители во поштенскиот сектор.

 

Галерија:

 

Image
5
Image
2
Image
8
Image
9
Image
1
Image
3
Image
4
Image
6
Image
7
Image
10