Промена на цените за поштенски услуги во меѓународниот поштенски сообраќај кои АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост – Скопје ги обезбедува во опсегот на универзалната услуга

Агенцијата за пошти одобри нови цени за поштенски услуги во меѓународниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, со Решение УП I бр. 02-99 од 11.08.2023 година, на барање за промена на цените поднесено од АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје.