Зголемени приходи од обезбедување на поштенски услуги на давателите на поштенски услуги во 2022 година

Вкупниот приход од обезбедување на поштенските услуги од страна на давателите на поштенски услуги во 2022 година, споредбено со 2021 година е зголемен за 13.3%, односно за 14.9 % во однос на 2020 година. Се воочува дека приходите не се намалени и покрај намалувањето на обемот на пратките за коресподенција, што укажува на фактот дека приходите се генерираат од други услуги, пред се од пакетските услуги, како и од услугите со додадена вредност, кои имаат повисока цена.