Почитувани,
Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 20-иот Јавен состанок, кој ќе се одржи на 23.05.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во Хотел „Мериот“ во Скопје.
Во рамките на дводневниот состанок кој се одржа во Загреб на 08-ми и 9-ти мај 2023 година, со Хрватската Регулаторна Агенција за мрежни индустрии (ХАКОМ), Агенцијата за пошти размени искуства кои можат да се применат во регулирањето на националните пазари на поштенски услуги.
На 26.04.2023 година во Скопје, се одржа 18-от состанок на Поткомитетот за Внатрешен пазар и конкуренција, Поглавје 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги“ – 3.3.Поштенски услуги, на кој учествуваа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.
Согласно член 73 и 76 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект НОУ ЛИМИТ ТЕХНОЛОЏИ ДООЕЛ Скопје- поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.
Агенцијата за пошти на ден 24.04.2023 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за трговија и услуги ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје.
Во 2022 година посетеноста на веб – страницата го следеше трендот на зголемување за 24,19% во споредба со 2021 година.
Овој нагорен тренд, покажа дека интересот на пошироката јавност, за информациите кои беа споделени на веб - страницата на Агенцијата за пошти...
Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/2018, бр.27/2019 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019, бр.150/2021 и 227/2022 )...
Согласно Годишната програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година бр.01-276/1 од 20.12.2022 година, во 1-от квартал од 2023 година од страна на овластени лица за вршење на надзор на Агенцијата за пошти беа извршени 2 редовни надзори.