Соопштенија

Донесен Годишен план за проценка на ризици од корупција во Агенцијата за пошти за 2023 година

01.02.2023
Агенцијата за пошти како одговорна институција одржува високи правни, етички и морални стандарди, почитувајќи ги принципите на интегритет, објективност, транспарентност и непристрастност. Во рамки на сопственото работење, Агенцијата за пошти посветува особено внимание на намалување на можностите за корупција и континуирано се бори против било кои појавни облици на корупција и судир на интереси застапувајќи став на нулта толерантност кон корупцијата.

Нова цена на поштенската услуга за пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка до 50 грама

30.01.2023
Агенцијата за пошти го одобри барањето на АД за поштенски сообраќај “Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост - Скопје, за промена на цени за обезбедување на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга во внатрешниот поштенски сообраќај со Решение УП I бр.02-81 од 20.01.2023 година. Цената на поштенската услуга за пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка до 50 грама на давателот на универзалната услуга изнесува 36,00 денари.

Агенцијата за пошти учествуваше на билатералниот скрининг за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги, Кластер 2 - Внатрешен пазар

26.01.2023
Претставници на Агенцијата за пошти, учествуваа на билатералниот скрининг за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги, Кластер 2 - Внатрешен пазар. Директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска учествуваше на билатералниот скрининг со Европската Kомисија за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги“,Кластер 2 - Внатрешен пазар.

Нови цени на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга

23.01.2023
Агенцијата за пошти одобри нови цени за поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, со решение УП I бр. 02-81 од 20.01.2023 година, на барање за промена на цените поднесено од АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје.

Системот за управување со квалитет на Агенцијата за Пошти е целосно усогласен со барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015

30.12.2022
Агенцијата за пошти се здоби со сертификат МКС EN ISO 9001:2015, со кој се потврди дека го применува системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот. Активностите на Агенцијата за пошти беа проверени согласно барањата на стандардот и со тоа се потврди дека организацијата ги исполнува барањата на соодветниот стандард и очекуваните резултати во врска со исполнувањето на барањата на клиентите и релевантни закони и прописи со цел да се зголеми задоволството на клиентите, процесите на интерната проверка и преиспитувањето на раководството.

Агенцијата преку независна компанија спроведе„Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“

29.12.2022
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, и во 2022 година во рамки на активностите за следење и анализа на пазарот и оваа година спроведе преку независна компанија „Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“. Предмет и цел на истражувањето Основен предмет и цел на бараното истражување беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенските услуги од страна на давателите на поштенските услуги ги задоволува потребите на корисниците.

Извештај за спроведени постапки за јавни набавки согласно Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата за пошти

26.12.2022
Агенцијата за пошти, како одговорна институција ја практикува “активната транспарентност“ која подразбира примена на концепт на самоиницијативно објавување на значајни документи од областа на поштенските услуги, но и информации за буџетското и програмското работење на својата веб страница.