Соопштенија

Одржан 23ти пленарен состанок на Европска група на поштенски регулатори (ЕРГП)

30.11.2022
На 24-ти и 25 -ти ноември 2022 година во Барцелона, Шпанија, Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП) го одржа својот втор Пленарен состанок во 2022 година, под претседателство на г-дин Петрос Галидес, заменик претседател на Комисијата за комуникации на Кипар (OCECPR), подржан од потпретседателот д-р Спирос Пантелис, потпретседател на грчката Комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), на кој учествуваа директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот. Данијела Спасиќ Томовска.

СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

18.11.2022
Агенцијата за пошти на ден 16.11.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје,  со што СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Учество на преставници на Агенцијата за пошти на 2-та сесија на Советот на Администрација при Светскиот Поштенски Сојуз

01.11.2022
Во период од 23 до 28 октомври 2022 година во Берн, Швајцарија се одржа 2-та сесија на Советот на Администрација (СА) при Светскиот Поштенски Сојуз за 2022 година, на која присуствуваа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителот на Директоратот за финансии, сметководство и економски прашања од поштенската област, Горан Игнатовски.

Враќање на монополот на поштенските услуги

31.10.2022
Агенцијата за пошти, регулаторно тело во поштенскиот сектор, со јавни овластувања согласно Законот за поштенските услуги, Ве информира дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 20 октомври 2022 година го донесе Законот за изменување на Законот за поштенските услуги (објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија бр.227/2022)“, со кој давателот на универзалната услуга од денот на влегувањето во сила на овој закон (26 октомври 2022 година) има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година.Со оваа измена,  повторно се враќа  ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга -  А.Д. Пошта на Северна Македонија – во државна сопственост - Скопје, која за истата услуга има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ПНЛ ТРАНСЛОГ ДООЕЛ Скопје

26.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ПНЛ ТРАНСЛОГ ДООЕЛ Скопје.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје

26.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје

ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола не е повеќе давател на поштенски услуги

26.10.2022
Агенцијата за пошти на ден 26.10.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за производство, трговија и услуги ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола,  со што ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Одржување на саемот PARCEL+POST EXPO 2022 на кој се претставуваат најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии

19.10.2022
Во период од 17 до 20 октомври 2022 година во Франфург, Германија се одржува саемот POST EXPO 2022, на кој се претставени најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии. Во рамките на POST EXPO 2022 се одржува и конференција на која свои излагања ќе имаат експерти од поштенските оператори, курирските компании, од компаниите за логистика, како и компаниите чија дејност е развој и имплементација на најновите технолошки решенија за автоматизација и достава. Како дел од конференцијата се и сесиите на кои директно ќе се разгледува напредокот во автономна достава и логистика, роботска автоматизација и проширување на други помошни компјутерски технологии. Другите сесии се посветени на сè поизразените логистички предизвици во урбаните области, и новини и опции во доставата како резултат на експанзијата на е-трговијата. Конференцијата претставува извонредна можност за едукација и воспоставување контакти за поштенските, пакетските и курирските индустрии.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ТПЛ Тотал Пост Логистик ДООЕЛ Скопје

19.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на Записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ТПЛ Тотал Пост Логистик  ДООЕЛ Скопје.