Агенцијата преку независна компанија спроведе„Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, и во 2022 година во рамки на активностите за следење и анализа на пазарот и оваа година спроведе преку независна компанија „Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“.
Предмет и цел на истражувањето
Основен предмет и цел на бараното истражување беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенските услуги од страна на давателите на поштенските услуги ги задоволува потребите на корисниците.