Соопштенија

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ПНЛ ТРАНСЛОГ ДООЕЛ Скопје

26.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ПНЛ ТРАНСЛОГ ДООЕЛ Скопје.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје

26.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје

ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола не е повеќе давател на поштенски услуги

26.10.2022
Агенцијата за пошти на ден 26.10.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за производство, трговија и услуги ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола,  со што ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Одржување на саемот PARCEL+POST EXPO 2022 на кој се претставуваат најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии

19.10.2022
Во период од 17 до 20 октомври 2022 година во Франфург, Германија се одржува саемот POST EXPO 2022, на кој се претставени најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии. Во рамките на POST EXPO 2022 се одржува и конференција на која свои излагања ќе имаат експерти од поштенските оператори, курирските компании, од компаниите за логистика, како и компаниите чија дејност е развој и имплементација на најновите технолошки решенија за автоматизација и достава. Како дел од конференцијата се и сесиите на кои директно ќе се разгледува напредокот во автономна достава и логистика, роботска автоматизација и проширување на други помошни компјутерски технологии. Другите сесии се посветени на сè поизразените логистички предизвици во урбаните области, и новини и опции во доставата како резултат на експанзијата на е-трговијата. Конференцијата претставува извонредна можност за едукација и воспоставување контакти за поштенските, пакетските и курирските индустрии.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги ТПЛ Тотал Пост Логистик ДООЕЛ Скопје

19.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на Записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: ТПЛ Тотал Пост Логистик  ДООЕЛ Скопје.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата

17.10.2022
Денес, во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, директорката на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска и претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, проф. д-р Владимир Наумовски  склучија Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Со овој Меморандум се остварува соработка меѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се реализираат проекти и активности во областа на заштитата на конкуренцијата на пазарот на поштенските услуги.

Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуги БЕ – ДА ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

13.10.2022
Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенски услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019 и бр.150/2021), член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“бр. 171/2011), а врз основа на Годишната програма за надзор за 2022 година бр. 01-278/1 од 07.12.2021 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: БЕ – ДА ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола

12.10.2022
Агенцијата за пошти на 12.10.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014,1 87/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019  и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021), констатира престанок на обезбедувањето поштенски услуги за давателот на поштенски услуги  БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола,  со што БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Информација за постапките по нотификации во делот на лиценцирањето за првите три квартала од 2022 година

10.10.2022
Во изминатите три квартала од 2022 година примени се вкупно 7 нотификации за започнување и промена со обезбедување на поштенски услуги. Во овие 7 постапки водени пред Агенцијата за пошти, издадени се вкупно 5 Општи Овластувања за обезбедување на поштенски услуги. Во првите три квартала од 2021 година пред Агенцијата се водени вкупно 19 вакви постапки, пришто издадени се 7 Општи Овластувања за обезбедување на поштенските услуги.