Соопштенија

Одржан 23-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

27.12.2024
ap
    Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата за пошти го одржа својот 23-ти јавен состанок, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2025 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за првото полугодие за 2024 година.

ПЛАН ЕКСПРЕС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

04.12.2024
Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги ПЛАН ЕКСПРЕС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Со Решение бр. 02-238/4 од  04.10.2024 година,  Агенцијата за пошти   го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   План Експрес ДООЕЛ увоз-извоз Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 алинеја 1 од Законот за поштенските услуги.

Успешна реализација на есенскиот информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“

18.11.2024
На 13-ти и 14-ти ноември, Агенцијата за пошти го реализираше есенскиот караван „АП поблиску до корисниците на поштенски услуги!“. Целта на оваа кампања е да ја доближи работата на давателите на поштенски услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенски услуги. Караванот беше поддржан од Канцеларијата на Народниот Правобранител, со кого Агенцијата за пошти има склучено Меморандум за соработка.

ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ„АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“

12.11.2024
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 13-ти и 14-ти ноември 2024 година, ќе го спроведе вториот есенски информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“.

Светски ден на поштите

08.10.2024
2024

Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.