Соопштенија

Оддржан 26-ти Пленарен состанок на Групата на европски поштенски регулатори и Работилница на тема: Ранлива категорија на корисници во поштенскиот свет

05.07.2024
На 20 јуни 2024 година во Виена, Австрија се одржа работилница на тема “Ранлива категорија на корисници во поштенскиот свет: Кој? Кои потреби? Што е следно?” на која воведно излагање имаше г-дин Клаус M.Стеинмауререр -извршен директор на регулаторното тело на телекомуникации и пошти на Австрија (Austrian Regulatory Authority for Broadcasting and Telecommunications - RTR), како и г-дин Ден Сјоблом- директор и претседавач на ЕРГП - Групата на европски поштенски регулатори.

Директорот Миладиноски за „Слободен печат“

27.06.2024
sloboden pecat
Услов за буџетските пари е да го снема ценовниот монопол за писмата до 50 грама. Дури и годинава да бидат усвоени измените на Законот за поштенски услуги, АД Пошта, може да побара компензација за трошоците за универзалната услуга за 2025 година во 2026 година. Агенцијата за пошти потоа ќе ги верификува пресметките и износот за државна помош да се испланира за во Буџетот во 2027 година. Процесот не е ниту едноставен, ниту брз, објаснува за „Слободен печат“, директорот на Агенцијата, Сретен Миладиноски, но сепак е единствен потврден механизам кој може да помогне да се надминат некои од проблемите во функционирањето на давателот на универзална услуга. И кога еднаш ќе почне, додава тој, не би требало да има натамошни застои во секоја од наредните години.

АЕТМ и Агенција за пошти заедно ќе работат на намалување на сивата економија во е-трговијата

18.06.2024
apmk ecommerc
На 05.06.2024 година, претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти, д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија.

Одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

31.05.2024
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 30.05.2024 година во хотел Холидеј ИН беше одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани активности, плановите, состојбата како и анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 2023 година.

Покана за присуство на 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

23.05.2024
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 22-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 30.05.2024 година (четврток) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје.

Работен состанок на експертската група за достава на пакети на ЦЕФТA

18.04.2024
На 16 и 17 април 2024 година, во Загреб, Хрватска се одржа работен состанок на  ЦЕФТА експертската група за достава на пакети,  на кој учество земаа претставници на 7 земји членки на ЦЕФТА, меѓу кои и претставници на Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски,  Данијела Спасиќ Томовска и Блерта Весели.

Оддржано Годишното собрание на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија ( АЕТМ)

05.04.2024
На 03.04.2024 година се одржа Годишното собрание на АЕТМ во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори Собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравно обраќање имаше и Дерик Фефер, Службеник за приватниот сектор во УСАИД Северна Македонија.