Анализа на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за второ полугодие на 2023 година
Анализата на пазарот на поштенските услуги за второто полугодие на 2023 година покажува како се развива поштенскиот сектор во Република Севрна Македонија, преку обработка на податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.