Одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 30.05.2024 година во хотел Холидеј ИН беше одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани активности, плановите, состојбата како и анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 2023 година.