Соопштенија

НОВИ ЦЕНИ ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА УСЛУГА ОД 01.05. 2026

29.04.2026
Агенцијата за пошти со Решение бр.02-124/9 од 21.04.2026 година го уважи барањето од АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија -во државна сопственост Скопје, за зголемување на цените на поштенските услуги од опфатот на универзалната услуга од внатрешниот и од меѓународниот поштенски сообраќај. Цената на основната услуга за писмо-стандардизирано, во прва тежинска стапка - до 50 грама, на АД Пошта Скопје , сега изнесува 43,00 денари.      Новите цени на поштенските услуги на АД Пошта ,  започнуваат со примена од 01.05.2026 година.

Регионален дијалог: Предизвици и иновации на пазарот за поштенски услуги и достава

27.04.2026
На 21 и 22 април, во Сараево се одржа конференција „Регионален дијалог: Предизвици и иновации на пазарот за поштенски услуги и достава“, на која учествуваа претставници од Агенцијата за пошти, претставници на институции, регулаторни тела, на јавни и приватни оператори и претставници од деловната заедница од земјите од регионот. Настанот беше организиран од Поштенската агенција на Босна и Херцеговина и The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) преку проектот EU4Trade, со цел зајакнување на регионалната соработка и хармонизација на пазарот со правилата на Европската Унија.

Избор за најдобрите во македонската е-трговија за 2025 E-commerce Awards 2025.

23.03.2026
На 11 март во Park by Ragusa во Скопје, во организација Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) се одржа гала манифестација за E-commerce Awards 2025. E-commerce Awards е национален избор за најдобрите во македонската е-трговија, организиран од АЕТСМ  со цел да се препознаат и наградат најдобрите е-трговци, да се промовира е-трговијата и да се поттикне нејзино унапредување и конкурентностa.

Тркалезна маса на тема „ Спроведување мерки со кои се создаваат предуслови за квалитетно обезбедување на поштенските услуги “

09.03.2026
На 25.02.2026 година во Подгорица – Црна Гора, во организација на Агенција за електронски комуникации и поштенски работи на Црна Гора ( https://ekip.me/page/postal-services ) a во соработка со проектот EU4Trade кој го спроведува Германско друштво за интернационална соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH ) се одржа тркалезна маса на тема „Спроведување мерки со кои се создаваат предуслови за квалитетно обезбедување на поштенските услуги “.

Работен состанок на Агенцијата за пошти

09.03.2026
На 20.02.2026 година (петок) со почеток во 12 часот, во конференциската сала на Хотел Солун се оддржа Работен состанок на Агенцијата за пошти. Со цел да го продолжи транспарентното работење и на заинтересираните страни да им овозможи да бидат запознаени со работата на Агенцијата, да им даде можност на присутните да ги изразат своите ставови и мислења за унапредување на состојбите во областа на поштенските услуги, Комисијата и Директорот на Агенцијата за пошти ги покани лиценцираните давателите на поштенските услуги да учествуваат состанокот кој го имаше следниот Дневен ред:

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/2026

30.01.2026

Врз основа на член 10 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти бр.1-151/1 од 26.07.2018 година, изменет и дополнет со Колективен договор на на Агенцијата за пошти бр.04-99/1 од 01.04.2022 година, Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Агенцијата за пошти бр.01-88

Одржан 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

26.12.2025
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 24-ти декември во просториите на хотел Холидеј Инн беше одржан 24-от јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2026 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година. На состанокот присуствуваа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Душан Бекриќ, членовите на Комисијата Слободанка Галеска, Павлинче Честојнова, Андреј Јосифовски и Фадил Шабани, генералниот директор на АД Пошта Орхан Куртиши и членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите и организациите со кои соработува Агенцијата за пошти.

Покана за присуство на 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

23.12.2025
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 24-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 24.12.2025 година (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје. Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за преземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

19.12.2025
ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги. Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за промет и услуги ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје. Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги   ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со Решение бр. 02-362/3 од   17.12.2025 година. Од тој датум ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.