Е-Билтен

Хуманитарна аукција

24.12.2014
Хуманитарна аукција
Во организација на Агенцијата за пошти, на 26.12.2014 година, во кафе-бар „Форца“ за прв пат се одржа донаторска аукција на уметнички и литературни дела. Оваа манифестација беше од хуманитарен карактер .Средствата кои беа собрани ќе бидат донирани на Здружението за цистична фиброза. Предмет на аукцијата беа уметнички дела донирани од авторите Сергеј Дамовски, Стефан Хаџи-Николов, Данчо Ордев, Живко Поповски Цветин, Мајкл Клос, потоа уникатни спортски реквизити со автограм од играчите на ракометниот клуб Вардар, личен предмет од музичарот Влатко Стефаноски и други предмети со посебно значење.

Агенцијата за пошти ја поддржа акцијата „Ден на дрвото“

04.12.2014
Агенцијата за пошти ја поддржа акцијата „Ден на дрвото“
На 03.12.2014 година, директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски заедно со вработените, учествуваа на 14 –та акција „ДЕН НА ДРВОТО 2014 - Засадија својата иднина“. Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите “. Вработените од Агенцијата за пошти, на новоформираниот зелен појас на булеварот Февруарски поход во Ново Лисиче, засадија дрвце со што ја поддржаа оваа акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина. На површина од 1.107 хектари вчера беа засадени околу 5 милиони дрвца низ територијата на цела Македонија.

Поштенска уметност и визуелна поезија

17.11.2014
Поштенска уметност и визуелна поезија
На 11-ти Ноември во галеријата ,,Феникс, во библиотека ,,Борка Талески"- Прилеп, се одржа петиот интернационален салон на поштенска уметност -мејл арт и визуелна поезија.Годинашна тема на која твореа уметниците беше ,,Масони", а во рамките на салонот учествуваа уметници од цел свет. Поставката содржеше писма со печати, цртежи на писмата, колажи, компјутерска графика во организација на Центарот за современи уметности ,,Визант".

Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот ден

05.11.2014
Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот ден
Фирмата „Пазл“ за доставата на пратки од електронска трговија се здружи со фирмата за курирски услуги „Забрзување“ заради обезбедување на достава истиот ден за клиенти кои купуваат онлајн со место на живеење во Амстердам, Ротердам и Хаг.  Услугата ќе биде достапна на онлајн купувачите покрај стандардите опции за достава и ќе зависи од времето на нарачката, големината на пакетот и локацијата на адресата за достава. Модниот бренд за жени Фаб со седиште во Амстердам веќе ја нуди оваа услуга на корисниците со достава во рок од три часа за 4.95 евра ( 302 денари).

Во чест на филателијата

21.10.2014
Во чест на филателијата
Неколку пошти низ светот ја одбележуваат 140-тата годишнина на Светскиот поштенски сојуз преку издавање на различни филателистички предмети. Во Швајцарија, националната пошта издаде нова поштенска разгледница на датата на годишнината на Светскиот поштенски сојуз, 9 октомври, која ќе се продава во шест поштенски единици низ земјата, вклучувајќи го и Берн и просториите на Светскиот поштенски сојуз.

Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!

18.09.2014
Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!
Европската недела на мобилност е најшироко распространета кампања за одржлива мобилност во светот. Се случува секоја година од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е да се охрабрат европските локални власти да воведат и промовираат мерки за одржлив транспорт и да ги поканат граѓаните да пробаат да користат алтернативен превоз наместо автомобилот.

ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ДОСТАВАТА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ КОИ ГИ ИСПРАЌААТ НОТАРИТЕ

18.06.2014
ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ДОСТАВАТА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ КОИ ГИ ИСПРАЌААТ НОТАРИТЕ
Во организација на Нотарската комора на РМ, поддржана од Агенцијата за пошти, во  x. Континентал, во Скопје, на 11.06.2014 год. се одржа обука на тема “ Достава на решенија за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа во согласност со член 137 од ЗПП”. На оваа прва обука од ваков тип, присуствуваа претставници од дванаесет даватели на поштенски услуги кои работат во овој поштенски сегмент на достава, нотари и членови на управниот одбор на Нотарската комора на Република Македонија.

ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ

12.06.2014
ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ
Дали ракописот е важен? Не многу, според многу воспитувачи. Општите Основни стандарди, кои се усвоени во повеќето американски држави, наложуваат учење на разбирливо пишување, но само во градинка и прво одделение. После тоа, вниманието брзо се насочува кон ефикасност на тастатурата.

Официјалното доделување на наградите

28.05.2014
Официјалното доделување на наградите
Официјалното доделување на наградите на наградниот конкурс „НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“ се одржа на 23 мај (петок) во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“,