Е-Билтен

Светски ден на поштата

09.10.2015
Светски ден на поштата

Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Награди на меѓународниот конкурс за пишување писмо

12.08.2015
Награди на меѓународниот конкурс за пишување писмо
Во конкуренција на 1,5 милиони деца од цел свет, Сара Џадид од Либан е победник на меѓународниот конкурс за пишување на писмо во организација на Светскиот поштенски сојуз. Таа го импресионира интернационалното жири со срцепарателна молба за свет без војна. Како дел од наградата за неа е обезбедено патување во Швајцарија и посета на Интернационалното биро на Светскиот поштенски сојуз.

Австриските поштенски работници се справија со агресивните кучиња

18.06.2015
Австриските поштенски работници се справија со агресивните кучиња
Австриската Пошта започна да им дава на своите работници колачиња за кучиња, со цел да им помогне да се справат со агресивни миленици кога доставуваат пошта. Одлуката да им се даде на 9.000 работници торба со кучешки бисквити која ќе ја носат со себе секој ден е донесена откако 47 работници биле каснати минатата година, изјави портпаролот.

Како технологијата ги спаси ѕвездите на калиграфијата

18.06.2015
Како технологијата ги спаси ѕвездите на калиграфијата
Некои велат дека технологијата го убива ракописот, но тоа е погрешна констатација. Нова генерација на калиграфи ги користат социјалните медиуми за да развијат аналогија на уметноста на калиграфијата во дигиталниот свет.

50-та јубилејна CERP Пленарна седница

02.06.2015
50-та јубилејна CERP Пленарна седница

На 28-ми и 29-ми мај 2015 година во Софија, Република Бугарија се одржа 50-тата годишна Пленарна седница на Европскиот комитет за поштенски регулации (CERP).

На пленарната седница учествуваа претставници од 29 земји членки на Европската конференција на поштенски и телекомуникациски администрации (CEPT) со 72 делегати и 5 делегати посматрачи.

Хуманитарна акција - Збор за надеж

06.05.2015
Хуманитарна акција - Збор за надеж
Со цел да им се помогне на граѓаните кои беа погодени од поплавите и поројните врнежи од дожд кои беа најинтензивни во месецот февруари оваа година, да им се подаде рака кога најмногу им е потребно, Агенцијата за пошти во соработка со АД „Македонска пошта“покрена иницијатива за хуманитарна акција „Збор за надеж “ за помош на луѓето од поплавените подрачја. Главна активност е испраќањето на картички со пораки за поддршка на нашите сограѓани кои беа погодени од невремето. Илустрацијата за пригодната картичка ја направи данскиот уметник Peter Hermann.

UPU - Регионална конференција

23.03.2015
UPU - Регионална конференција
Поддршка на земјите од Европа и земјите од Централна Источна и Југоисточна Европа во реформите во поштенскиот сектор и развојните процеси преку методологијата на Светскиот поштенски сојуз. На 24 и 25 мај 2015 год. Агенцијата за пошти беше домаќин на Регионална конференција на Светскиот поштенски сојуз (UPU) и PostEurop.

Хуманитарна акција - Збор за надеж

20.03.2015
Хуманитарна акција - Збор за надеж
Напишете зборови за надеж и донирајте за поплавените области во Македонија. Испратете ги вашите пораки на адреса: Агенција за пошти П.Фах 164 1000 Скопје

Британски поштенски експерт сподели искуства со Македонска Пошта

02.02.2015
Британски поштенски експерт сподели искуства со Македонска Пошта
Македонската пошта го покани Дерек Озборн, долгогодишен менаџер на британската Кралска пошта и советник на некои од најголемите пошти низ светот, да ги сподели своите искуства и да даде совети за модернизирање на начинот на кој функционира и Македонската пошта.

Новогодишна хуманитарна акција на Агенцијата за пошти

29.12.2014

„СЛАТКА“ ЗАБАВА ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

На 26.12.2014 година, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, по повод претстојните новогодишни и божикни празаници, директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски, заедно со вработените во Агенцијата им приредија „слатка“ забава на децата од оваа установа за социјална заштита.