Соопштенија
15-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти за 2020 година
Утре, 25.12.2020 година, со почеток во 11 часот, Агенцијата за пошти ќе ја одржи 15-та Јавна Седница на Агенцијата, преку комуникациската платформа ZOOM
Агенда -15-та Јавна Седница на АП116.17 KB
Давателот на универзална услуга АД"ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА" со промоција на новогодишен пакет на услуги
А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ со промотивен пакет на услуги за испраќање на празнични честитки и подароци, кој започнува да важи од 19.12.2020 година, заклучно со 15.01.2021 година.
Гигантот за е- трговија официјално на аеродромот во Лајпциг – Хале
Гигантот за е- трговија Амазон започна сопствени операции на авионски карго на територијата на Европа лансирајќи свој центар за достава на пратки по воздушен пат во Германија, инвестирајќи огромни суми за логистика ширум светот.
Учество на 19-от состанок на Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП)
На27 ноември 2020 година, Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП) го одржа 19 –от пленарен состанок преку видеоконференциски пат, под претседателство на д-р Спирос Пантелис, заменик –претседател на грчката комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), на кој учествуваше директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.
Одржан 14-от состанок на Комисијата на Агенција за пошти
Врз основа на член 16 став 1 алинеја 8 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.275/2019 и 107/2020), Комисијата како орган на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на седницата одржана на ден 20 ноември 2020 година, преку видеоконференциска врска:
Работна средба на директорката Аврамоска Ѓореска со Генералниот директор на АД "Пошта на Северна Македонија"
Директорката Билјана Аврамоска Ѓореска оствари работна средба со генералниот директор на АД "Пошта на Северна Македонија", Јани Макрадули.
Главна тема на средбата беа прашања од заемен интерес за Агенцијата за пошти, како регулаторно тело од областа на поштенските услуги и АД "Пошта на Северна Македонија", како давател на универзалната услуга. Се разговараше и за потребатаодконтинуирана и посветена имплементација на правната и законската рамка,следењетонатрендовите и најдобритепрактикина поштенскиот пазар ворамкитенаЕвропскатаунија, а сѐсоцелобезбедувањенапоквалитетни и подостапни поштенскиуслугизаситекорисници на поштенските услуги.
Реформа на давателот на универзалната услуга и укинување на монополот за конкурентен поштенски пазар
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги треба да осигура обезбедување на универзалната услуга на цела територија, со определен квалитет и пристапни цени за сите корисници, односно почитување на законската регулатива од страна на давателот на универзална услуга – АД Пошта на Северна Македонија, без разлика на неговата сопственичка структура - вели во интервју за МИА, директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска.
Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги ПРЕМИУМ ДЕЛИВЕРИ ДОО Скопје
Во согласност со овластувањата од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27/2019, 275/2019 и 107/2020), Агенцијата за пошти по службена должност поведе постапка УПI бр. 02-69 и со Решение од 21.10.2020 година го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги Друштво за курирски услуги ПРЕМИУМ ДЕЛИВЕРИ ДОО Скопје поради неисполнување на правата и обврските по член 45 став 4 алинеа 1 од Законот за поштенските услуги.
Известување до корисниците на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје
Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека е во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и своето меѓународно работење го прилагодува на постојната состојба.








