Соопштенија

Утврдување на систем за посебно сметководство и алокација на трошоци на давателот на универзалната услуга, модел за пресметка на нето трошоците на универзалната услуга и модел за регулација на цените на универзалната услуга

28.05.2020
Од денеска до 2 јуни во организација на Агенцијата за пошти, во рамките на Твининг проектот "Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти", во просториите на А.Д.Пошта на Северна Македонија се реализира последната видео - работилницаод Компонента 2 која се однесува на одредување на соодветен систем за посебно сметководство и алокација на трошоци, модел за пресметка на нето трошоци на универзалната услуга и модел за политика на цени.

Видео конференциски состанок на работната група Прекугранична достава на пакети (Cross Border Parcel Delivery) на Европскиот Комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation)

19.05.2020
Денес, во рамките на работната група Прекугранична достава на пакети(Cross Border Parcel Delivery) на Европскиот  Комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation) се одржа видео конференциски состанок на кој учествуваа  претставници  на Агенцијата за пошти – (од Директоратот за следење и анализа на пазар и од Директоратот за грижа на корисници), заедно со претставници од 36 земји членки.

Учество на претставници на Агенцијата за пошти на видеоконференциски состанок во рамките на работните групи на Европскиот Комитет за Поштенска Регулација

12.05.2020
Денес, претставници на Агенцијата за пошти учествуваа на видеоконференциски состанок одржан во рамките на работните групи на Европскиот Комитет за Поштенска Регулација (EuropeanCommittee for Postal Regulation-CERP)-  CERP Working Group UPU и CERP Working Group Policy, заедно со претставници од вкупно 55 држави.

Известување за прием и пренос на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај до корисниците на А.Д„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

06.05.2020
Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај.

Одржан 6-от состанок на Комисијата на Агенцијата за пошти

30.04.2020
Врз основа на член 15ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3 од Законот за поштенски услуги  („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27/2019, 275/2019 и 107/2020), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорот, на седницата одржана на ден 30 април 2020 година, преку видеоконференциска врска:

Известување за примена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба

30.04.2020
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, ги известува давателите на поштенски услуги  дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 април 2020 година донесе УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година).

Протокол за постапување на давателот на универзална услуга - АД „Пошта на Северна Македонија" – Скопје во услови на вонредна состојба

28.04.2020
Во согласност со Уредбата за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година), донесена од страна на Владата на Рeпублика Северна Македонија, давателот на универзалната услуга - АД „Пошта на Северна Македонија" – Скопје во координација и соработка со Агенцијата за пошти, донесе Протокол за постапување во услови на вонредна состојба.

Известување до корисниците на А.Д„Пошта на Северна Македонија“ - Скопје

27.04.2020
Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај. А.Д„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје информира дека со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје, размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат и тоа со следните земји:

УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба

24.04.2020
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, ги известува давателите на поштенски услуги  дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 април 2020 година донесе УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година).

ЕРГП објави збирни информации за превземените мерки и активности во однос на обезбедувањето на поштенските услуги за времетраење на пандемијата предизвикана од КОВИД 19

24.04.2020
Агенцијата за пошти, како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги ја информира јавноста и сите чинители на пазарот на поштенските услуги, дека ЕРГП (Европската регулаторна група за поштенски услуги), на својата интернет страница(https://ec.europa.eu/growth/sectors/postal-services/ergp_en) објави збирни информации за превземените мерки и активности во однос на обезбедувањето на поштенските услуги за времетраење на пандемијата предизвикана од КОВИД 19.