Соопштенија

Поддршка од Агенцијата за пошти за вработените во поштенскиот сектор

22.04.2020
Поддршка од Агенцијата за пошти  за вработените во поштенскиот сектор
Во време кога нашата земја е исправена пред закана која му се испречува на човековото здравје и живот, во време кога се соочуваме со светска пандемија, не смееме да ги заборавиме луѓето кои придонесуваат  животот да тече и понатаму. Не смееме а да не ги поддржиме, оние кои и покрај оддалеченоста и социјалната дистанца, ни ја овозможуваат топлината и динамиката на секојдневните контакти. Затоа, им оддаваме признание на поштенските работници кои деноноќно и посветено успеваат да ги исполнат нашите очекувања од поштенските услуги!

Известување до корисниците на поштенските услуги на АД„Пошта на Северна Македонија“

16.04.2020
Националниот давател на поштенски услуги АД„Пошта на Северна Македонија“ ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај.

Насоки за постапување на давателите на поштенски услуги согласно измената на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија

08.04.2020
Согласно последната измена на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија година, со која се забранува движење на населението од понеделник до петок  во временски период од 16:00  до 05:00 часот наредниот ден,  како и се забранува движење на населението во временски период од 16:00 во петок до 05:00 часот во понеделник  (објавена во „Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020 од 06.04.2020 година, а во примена од 08.04.2020 година), Агенцијата за пошти  до давателите на поштенски услуги ги дава следните насоки и задолженија:
Обрзец36.84 KB

Препораки од Агенцијата за пошти: Како до безбедно онлајн купување и сигурна достава

08.04.2020
КАКО-ДО-БЕЗБЕДНО-ОНЛАЈН-КУПУВАЊЕИ-СИГУРНА-ДОСТАВА
Деновиве сме опкружени со многу информации, препораки и содржини поврзани со Коронавирусот (COVID19).Новонастанатите ситуации, пред сè ширењето на овој вирус, можат да го загрозат здравјето на голем број од граѓаните. Како и во повеќето земји низ светот така и кај нас, Владата, ресорните министерства и локалните власти преземаат сериозни мерки со кои се ограничува и контролира ширењето на оваа заразна болест

Одобрен Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година

02.04.2020
Врз основа на член 16 став 7 од Законот за поштенски услуги („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и „Службен Весник на Република Македонија“ број 275/2019), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорот...

Користете поштенски услуги, помалку ќе излегувате од дома и ќе се заштитите од коронавирусот

27.03.2020
пошта-корона-вирус
Поштенските услуги во настанатите ограничувања со коронакризата се меѓу клучните канали за поврзување на граѓаните, администрацијата и за поддршка на бизнисот. Ако кај меѓународните пратки има ограничувања поради укинатиот авионски превоз, нема проблеми за користење на внатрешниот поштенски сообраќај.

Обемите на поштенските пратки се намалуваат на глобално ниво додека светот се бори со пандемијата на COVID-19

27.03.2020
covid-19
25.03.2020 година - Според новите податоци објавени од страна на Светскиот поштенски сојуз (СПС), специјализираната Агенција на ОН за поштенски прашања, мерките преземени за спречување на ширењето на COVID-19 доведоа до распространето нарушување на меѓународните поштенски услуги.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

24.03.2020
Согласно новонастаната  состојба поврзана со појавата и ширењето на КОВИД 19 (корона вирус), и мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за пошти, врз основа на  своите надлежности од член 9 од Законот за поштенски услуги („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и 275/2019), ги известува корисниците на поштенски услуги кои примаат и испраќаат пратки, за можните промени во обезбедување на сите поштенски услуги, особено на универзалната услуга, како и за промена во поштенската мрежа на давателот на универзалната услуга, пред се поради скратеното работно време на поштенските подружници.

Известување за корисниците на поштенските услуги од АД„Пошта на Северна Македонија"- Скопје

17.03.2020
Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите корисници и вработени, АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје изврши промена на работното време на своите единици и воведе дополнителни превентивни мерки.