Соопштенија

Директорот Миладиноски за „Слободен печат“

27.06.2024
sloboden pecat
Услов за буџетските пари е да го снема ценовниот монопол за писмата до 50 грама. Дури и годинава да бидат усвоени измените на Законот за поштенски услуги, АД Пошта, може да побара компензација за трошоците за универзалната услуга за 2025 година во 2026 година. Агенцијата за пошти потоа ќе ги верификува пресметките и износот за државна помош да се испланира за во Буџетот во 2027 година. Процесот не е ниту едноставен, ниту брз, објаснува за „Слободен печат“, директорот на Агенцијата, Сретен Миладиноски, но сепак е единствен потврден механизам кој може да помогне да се надминат некои од проблемите во функционирањето на давателот на универзална услуга. И кога еднаш ќе почне, додава тој, не би требало да има натамошни застои во секоја од наредните години.

АЕТМ и Агенција за пошти заедно ќе работат на намалување на сивата економија во е-трговијата

18.06.2024
apmk ecommerc
На 05.06.2024 година, претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти, д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија.

Одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

31.05.2024
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 30.05.2024 година во хотел Холидеј ИН беше одржан 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани активности, плановите, состојбата како и анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 2023 година.

Покана за присуство на 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

23.05.2024
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 22-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 30.05.2024 година (четврток) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје.

Работен состанок на експертската група за достава на пакети на ЦЕФТA

18.04.2024
На 16 и 17 април 2024 година, во Загреб, Хрватска се одржа работен состанок на  ЦЕФТА експертската група за достава на пакети,  на кој учество земаа претставници на 7 земји членки на ЦЕФТА, меѓу кои и претставници на Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски,  Данијела Спасиќ Томовска и Блерта Весели.

Оддржано Годишното собрание на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија ( АЕТМ)

05.04.2024
На 03.04.2024 година се одржа Годишното собрание на АЕТМ во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори Собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравно обраќање имаше и Дерик Фефер, Службеник за приватниот сектор во УСАИД Северна Македонија.

Анализа на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за второ полугодие на 2023 година

04.04.2024
Анализата на пазарот на поштенските услуги за второто полугодие на 2023 година покажува како се развива поштенскиот сектор во Република Севрна Македонија, преку обработка на податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.

Живко Поповски – Цветин во посета на Агенцијата за пошти

03.04.2024
Живко Поповски – Цветин, познатиот македонски хуманист и уметник, воедно и долгогодишен пријател на Агенцијата за пошти, беше во посета на институцијата. Поводот за неговата посета беше одбележување на неговиот јубилеј 40 години од писмото на Мајка Тереза упатено до Цветин, во кое меѓу другото таа напишала „Бедните се секаде околу нас- осамените, несаканите. Биди љубезен и прави им добрина на оние блиску до тебе. И чувај ја радоста на сакањето на Исус во твоето срце бидејќи ТОЈ е верен.“