Корисници

Грижа и заштита на правата на корисниците во поштенски услуги

Лиценци

Издавање, контрола и ажурирање на сите лиценци за поштенски услуги

Информации

Побарајте информации од јавен карактер за поштенските услуги и субјекти

Одржан 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

26.12.2025
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 24-ти декември во просториите на хотел Холидеј Инн беше одржан 24-от јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2026 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година. На состанокот присуствуваа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Душан Бекриќ, членовите на Комисијата Слободанка Галеска, Павлинче Честојнова, Андреј Јосифовски и Фадил Шабани, генералниот директор на АД Пошта Орхан Куртиши и членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите и организациите со кои соработува Агенцијата за пошти.

Покана за присуство на 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

23.12.2025
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 24-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 24.12.2025 година (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје. Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за преземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

19.12.2025
ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги. Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за промет и услуги ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје. Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги   ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со Решение бр. 02-362/3 од   17.12.2025 година. Од тој датум ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
  • Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот ден
    Куририте со велосипед им нудат на холандските купувачи опции за достава истиот денФирмата „Пазл“ за доставата на пратки од електронска трговија се здружи со фирмата за курирски услуги „Забрзување“ заради обезбедување на достава истиот ден за клиенти кои купуваат онлајн со место на живеење во Амстердам, Ротердам и Хаг.  Услугата ќе биде достапна на онлајн купувачите покрај…
  • Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!
    Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!Европската недела на мобилност е најшироко распространета кампања за одржлива мобилност во светот. Се случува секоја година од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е да се охрабрат европските локални власти да воведат и промовираат мерки за одржлив транспорт и да ги поканат граѓаните да пробаат…
  • ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ
    ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕДали ракописот е важен? Не многу, според многу воспитувачи. Општите Основни стандарди, кои се усвоени во повеќето американски држави, наложуваат учење на разбирливо пишување, но само во градинка и прво одделение. После тоа, вниманието брзо се насочува кон ефикасност на тастатурата.

Одржан 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

26.12.2025
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 24-ти декември во просториите на хотел Холидеј Инн беше одржан 24-от јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2026 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година. На состанокот присуствуваа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Душан Бекриќ, членовите на Комисијата Слободанка Галеска, Павлинче Честојнова, Андреј Јосифовски и Фадил Шабани, генералниот директор на АД Пошта Орхан Куртиши и членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите и организациите со кои соработува Агенцијата за пошти.

Покана за присуство на 24-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

23.12.2025
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 24-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 24.12.2025 година (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје. Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за преземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

19.12.2025
ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги. Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за промет и услуги ТПЛ ТОТАЛ ПОСТ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје. Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги   ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со Решение бр. 02-362/3 од   17.12.2025 година. Од тој датум ТПЛ Тотал Пост Логистик Дооел Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

05.12.2025
БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги. Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за производство, трговија и услуги БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје.

Осма регионална конференција за е-трговија

07.11.2025
На 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје, се оддржа осмото издание на  Регионалната конференција за е-трговија, најголемиот регионален настан посветен на развојот на е-трговијата, организиран од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Под слоганот „Fasten the Future“, конференцијата и оваа година ја постави сцената за иднината на дигиталнaта економија, спојувајќи ги е-трговијата, маркетингот и вештачката  интелигенција како двигатели на растот на бизнисите. На настанот присуствуваше Марина Тоневска директорка на Агенц