Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата
Денес, во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, директорката на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска и претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, проф. д-р Владимир Наумовски склучија Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со овој Меморандум се остварува соработка меѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се реализираат проекти и активности во областа на заштитата на конкуренцијата на пазарот на поштенските услуги.








