22-ри Пленарен состанок на Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП)
Во период од 30-ти јуни до 1-ви јули 2022 година во Мадрид, Шпанија, Eвропската група на поштенски регулатори го одржа првиот пленарен состанок за 2022 година, под претседателство на проф. др. Маријано Бацигалупо Сагезе, член на одборот на директори на Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција, со поддршка на потпретседателите др. Спирос Пантелис, потпретседател на Комисијата за телекомуникации и пошти на Грција и мр. Петрос Галидес, заменик претседател на Канцеларијата за регулација на електронски комуникации и поштенски услуги на Кипар.








