Соопштенија

Покана за присуство на 17-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти

20.12.2021
Покана за присуство на 17-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 17-та Јавна Седница, која ќе се одржи на 22.12.2021 (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на Хотел „Солун“ во Скопје. Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи

Промоција на брошурата „Права и обврски на корисниците на поштенските услуги“

14.12.2021
apmkopm
Агенцијата за пошти (АП) во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) преку Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје изработи брошура за правата и обврските на корисниците на поштенските услуги.

Донесена Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2022 година

07.12.2021
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги ( Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021), директорката на Агенцијата за пошти донесe Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2022 година.

Брошура “Е-трговија и сигурна достава на поштенски пратки”

06.12.2021
Агенцијата за пошти изработи кратка брошура  “Е-трговија и сигурна достава на поштенски пратки” која ги  содржи основните информации кои имаат за цел да ги  информираат корисниците на поштенските услуги  како до сигурна достава на нивните поштенски пратки.

21-ви Пленарен состанок на Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП)

01.12.2021
Од 25 до 26 ноември 2021 година во Атина, Република Грција, Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП) го одржа вториот 21-от Пленарен состанок во 2021 година на хибриден начин, под претседателство на д-р Спирос Пантелис, потпретседател на Комисијата за телекомуникации и пошта на Грција,  со поддршка на потпретседателот на ЕРГП г-дин Кадет де Матос, претседател на Националната комисија за комуникации на Португалија и проф.   д-р М. Бачигалупо, член на одборот на Националната комисија за пазари и конкуренција на Шпанија. На пленарниот состанок со физичко присутво учествуваа и претставници на Агенцијата за пошти – директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.

Донесена Стратегија за спречување на корупција и судир на надлежности  на Агенцијата за пошти за периодот 2022 -2024 година

30.11.2021
На 17-от состанок одржан на 22.11.2021 година, Комисијата на Агенција за пошти, на предлог на директорката, ја донесе Стратегијата за спречување на корупција и судир на надлежности на Агенцијата за пошти за периодот 2022 -2024 година и  Акциски План за нејзино имлементирање. Стратегијата се очекува да генерира нови механизми, практики, капацитети и вештини во Агенцијата за имплементација на антикорупциските закони, етичкиот кодекс, релевантните политики и процедури кои овозможуваат заштита на институционалниот и интегритетот на вработените во поштенскиот сектор, генерално.

Усвоена Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година

22.11.2021
Врз основа на член 16 став 1 алинеја 8 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021) Комисијата како орган на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на состанокот одржан  на ден 22 ноември  2021 година:

Одржан 15-от состанок на Комисијата на Агенција за пошти во 2021 година

03.11.2021
Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3  од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија" бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.275/2019 и бр.150/2021), Комисијата на Агенција за пошти, на предлог на директорката, на седницата одржана на ден 03 ноември  2021 година, преку апликацијата zoom донесе: